top of page
Writer's pictureЛеонид Велковски

β – предлог филм: Слепа шанса

Режија: Krzysztof Kieślowski

Сценарио: Krzysztof Kieślowsk

Улоги: Bogusław Linda, Tadeusz Łomnicki, Zbigniew Zapasiewicz

Кинематографија: Krzysztof Pakulski

Времетраење: 122‘

Година: 1987

Земја на потекло: Полска

Жанр: Драма

По дојавата за смртта на својот татко, Витек решава да тргне за Варшава. Но, тој се трка со времето, секогаш се труди да го фати возот за Варшава кој тргнува пред тој да стигне на перонот. Невнимателноста на Витек ќе го одведе во три различни правци, во три различни сценарија, во три различни животни приказни. Оној кој му го попречува патот и во кој ќе се удира е пијаниот маж на перонот.


Во првото сценарио Витек е послушен работник, член на комунистичката партија, кој ќе си ја жртвува својата љубов во име на важната задача за својата партија.


Во второто сценарио Витек е анти–комунист и помалку навлегува во христијанството.


Во третото сценарио Витек ги продолжува своите студии по медицина, не влегува во партијата и кога има деловен пат, тогаш животот му заминува на друга страна.


„Слепа шанса’’ е едно од по раните дела на Кешловски, кое е карактеристично со својата нелинеарна структура на приказната и повеќето можни исходи кои се нудат во филмот. Дури и најмалото пропуштање на автобусот или возот, можат да го променат животот, можеби сте избегнале нешто или за среќа сте пропуштиле нешто.


Филмот ги истражува и судбината, која можеби е случајна и шансата, која некогаш е понудена, а свесно или несвесно се прифаќа или одбива и како всушност функционира домино ефектот во животот.

Comentários


bottom of page