top of page
  • Writer's pictureЛеонид Велковски

β – предлог филм: Dans le noir du temps

Режија: Jean-Luc Godard

Времетраење: 10’

Година: 2002

Земја на потекло: Франција

Жанр: Краткометражен филм, експериментален


Последните минути од: младоста, меморијата, љубовта, бесконечноста...


Како колаж од различни сцени, секоја претставувавјќи си ја својата тема, односно вршејќи си ја својата цел, се создава еден каделиоскоп на животните искуства и што тие всушност би можеле да значат. Не само што си ја вршат целта туку и ја сумираат внатрешноста на авторот, претставувајќи ги неговите идеи за тоа како може да изгледа крајот на нештата и што значи тоа за него, но и моменти кои можеби веќе некаде се случиле како крај.


Нарацијата која непрекинато тече, која звучи на некоја длабока конверзација, како да го дообјаснува она што сакаат кадрите да го претстават или изложат, а музиката со смирувачко пијано и звукот на виолончелото нè потсетува за единството на филмот, но не додава ниту одзема од силата која што самите слики ја имаат и оставаат.


Има спој од извадоци од различни филмови и видеа. Некои сцени се вознемирувачки и филмот остава посебно чувство на нешто веќе преживеано или туку што сфатено.

47 views
bottom of page