top of page
  • Writer's pictureЛеонид Велковски

β – предлог филм: La Jetée

Режија и сценарио: Chris Marker

Улоги: Hélène Châtelain, Davos Hanich, Jacques Ledoux

Нарација: Jean Négroni

Кинематографија: Jean Chiabaut

Времетраење: 28 ’

Година: 1962

Земја на потекло: Франција

Жанр: Научна фантастика

Колку и да сакаме да се вратиме во минатото или да се фиксираме за него, можеби не знаеме точно што се случувало во тие моменти на кои сакаме да им се вратиме, можеби сме изумиле, можеби идолизираме или си ја разубавуваме сликата за тие моменти или време кое за нас претставува најубаво. Најчесто тоа е детството, период на безгрижност и несвесност за она што се случува во светот надвор од нашиот.


Така и патникот во овој филм, ќе мора да се соочува со своето минато, бидејќи тој ќе биде избран, како една надеж на човештвото, како човек со најмногу ременисценции од своето минато, конкретно од еден насилен инцидент на платформата на аеродромот ,,Орли”. Ќе мора да се соочи, така што ќе патува назад во минатото, среќавајќи се со една жена од аеродромот, дружејќи се и можеби развивајќи некоја поинтимна врска.


Но, откако ќе ги помине двосмерните патувања, обезбедувајќи решение за поствоеното, разурнато општество, тој ќе треба да избере меѓу живот или смрт и дали ќе сака да живее напред во времето, но тој избира да се врати назад и да посведочи нешто кое што не го очекува.


Статичните фотографии (кадри), односно динамичната фотомонтажа, заедно со нарацијата и музиката, не водат по патот на патникот и неговите слики на кои им се навраќа и ги гледа во сонот или можеби димензијата која ја посетува, оставајќи не со чувство кое самиот филм го создава, некаде помеѓу во времето и просторот.

33 views
bottom of page