top of page
  • Writer's pictureЛеонид Велковски

β – предлог филм: Патека

Режија: Љубиша Георгиевски

Сценарио: Коле Ангеловски

Улоги: Војислав Миќовиќ

Кинематографија: Бранко Михајловски

Монтажа: Вангел – Лаки Чемчев

Музика: Љубомир Бранѓолица

Времетраење: 8’

Година: 1967

Земја на потекло: Македонија

Жанр: Пародија

Во овој краток филм, приказната се врти околу една скоро комична анегдота која авторите ја обликуваат слобдно, со доза на експеримент, со ироничен поттекст, веројатно и слободно толкување.


Од едно бифе, навечер, еден пијан човек излегува надвор и зачекорува на свежиот снег. Како се движи и е под дејство на алкохолот кој му создава вртоглавица, тој создава одредена патека во снегот, за на крајот да падне на него. Следното утро, минувачите ја следат истата патека која ја создал пијаниот човек, но се движат во спротивна насока. Минувачите се подбутнуваат разминувајќи се и настанува огромна мешаница.


,,Обликуван како визуелна досетка со елементи на надреалистички влијанија, со слобода и смелост за експеримент, ,,Патека’’ е визуелна парабола за таканареченото човечко нормално однесување. Бунтот против стереотипите од секаков вид, безмалку е доведен до цинична поента, а неговата порака е скриена како визуелен криптограм во арабеските исцртани на снежниот простор во завршните кадри од филмот.”[1]


Камерата во овој филм слободно се движи, доловувајќи ја пијаната состојба на човекот, а дисхармоничната музика ја засилува какафонијата на визуелниот план. ,,Финалните кадри на ,,Патека”, дејствуваат особено импресивно во својот црно – бел графизам постигнат со примена на ,,хај – ки’’ методот при нивното снимање.”[2]

 

[1] Според: Чепиниќ, Мирослав. Македонскиот игран филм. Книга прва. Скопје: Кинотека на Македонија, 1992. стр. 295 – 296. [2] Види 1.


39 views
bottom of page