top of page
  • Writer's pictureКалина Качоровска

β – предлог филм: Сенки

Режија: Милчо Манчевски

Улоги: Борче Начев, Весна Станоевска, Сабина Ајрула-Тозија

Година: 2007

Земја на потекло: Македонија

Времетраење: 120’

Жанр: Хорор, трилер, драма

Добри македонски филмови постојат. Точка.


Имено, „Сенки“ е филм кој го следи Лазар, млад и успешен доктор, со сопруга и детенце, богати родители и куќа во Охрид со најубавиот поглед на светот. Но, како што може да се очекува, не е баш сѐ така како што изгледа. Особено не откако доживува сообраќајна несреќа. По закрепнувањето, почнува да се соочува со чудни и нејасни луѓе и појави за кои се труди да разоткрие по нешто, но пред сѐ, значењето на фразата која тие му ја повторуваат – „Врати го она што не е твое“.


Покрај содржината која иако не е лесна, е особено интригантна и вредна за следење, причината поради која „Сенки“ ќе ви се допадне е аудио-визуелниот дел на филмот, но на чуден начин и мирисниот дел исто така. Ќе завршам со ова и ќе ме сфатите откако ќе гледате:


Сакам да седам на балкон со поглед на Охридско Езеро на зајдисонце, во позадина да ми пее „Еден Бакнеж“ од Нина Спирова и да ми мириса на липи и печени пиперки. Е, тоа да ми е животот.

46 views
bottom of page