top of page
  • Writer's pictureКултура β

Краток расказ од Марија Станојкова

Еден ден така седејќи сама во својата соба, изрипав од креветот, го зедов моето омилено ранче, ставив неколку парчиња облека во него и тргнав. Одев по некои мали сокачиња кои прв пат одев по нив и за кои не знаев каде ќе стигнам. Чекорев бавно и сигурно, бидејќи имав страв од инсекти и од чудовишта кои не постојат. Скоро се стемнуваше, а јас сеуште одев по малите сокачиња, не се наоѓаше место на кое можев да излезам, каде и да се свртев имаше шума и сокачиња, а јас почнав да треперам од страв бидејќи се стемнуваше, а јас се наоѓав во шума за која не знаев каде има излез. Почнав да плакам и седнав. По кратко време осетив дека некој ме фати за рамото и седна до мене, ја кренав главата и видов човек кој беше облечен во искинати алишта и носеше кондури кои пропуштаа вода. Ме запраша што ме натерало да отидам во таа шума, што сум толку лошо доживеала па сум се осудила на тоа. Јас немав одговор, го замолив само да ми го покаже излезот од шумата, тој се насмевна и ме запраша зарем твојте не те побараа до сега? Јас бев изгубена, реков незнам мобилниот ми остана дома во мојата соба и станав. Го прашав дали го знае излезот, тој кимна со главата и ми рече оди по мене. Одевме само неколку чекори и излеговме од шумата. Бев пресреќна, но и малку засрамена бидејќи сето време сум се вртела во круг. Му се заблагодарив на човекот и му реков дека сакам повторно да го сретнам, човекот се сврте и го снема. Наеднаш се пробудив целата мокра и задишана од сонот. Мајка ми влезе во собата и ме праша дали сум имала лоша ноќ па сум така целата препотена. Јас реков имав само лош сон и отидов до тоалетот, кога застанав пред огледалото ми потече крв од носот и ми се појави ликот од сонот. Се исплашив и вреснав, но никој не ме слушна. Човекот ми рече биди тивка, посака да се сретнеме повторно, еве одве сум. Излегов набрзина од тоалетот, но со денови не јадев, не спиев, бев замислена, бидејќи бев исплашена од сонот и случката. Мајка ми по извесно време се замисли, што можело вака да ме промени наеднаш. Ме прашуваше, ме носеше на доктор, спиеше со мене.... но, ништо не дозна. Еден ден напишав писмо во кое пишуваше за мојот сон и човекот кој дојде пред огледалото во тоалетот. Мајка ми кога станала го прочитала писмото и се упатила кон мојата соба, но ме немаше, го нашла моето ранче на креветот и траги од крв на перницата. Почнала да вреска и да ме бара, но соседката и рекла дека сум станала утрово рано и сум отишла покрај реката. Таа дојде, седна до мене и ми се умилкуваше ми кажа дека ќе се оддалечиме од ова место. Ми беше чудно и ја запрашав зошто, но таа не ми одговори ми рече дека не сум доволно созреана за да го сфатам тоа. По кратко време се оддалечивме од местото, отидовме на другиот крај на светот, но никогаш не ми беше јасно зошто го напуштивме местото во кое јас го поминав моето детство. Ми недостасуваше местото и посакував да отидам барем на еден ден, да го видам можеби има некои промени, но мајка ми не ми дозволуваше....

 

Новиот краток расказ кој го објавуваме е од авторката Марија Станојкова која за себе вели: „Од мала сонував и секоја замислена желба ми беше да станам авторка или писателка или барем да бидам инспирација на луѓето преку текстови. Многу одамна пробував и се трудев да почнам да пишувам текстови, но не успевав и лесно се откажував. Но, од пред скоро една година кога навистина влегов во пубертет и кога го започнав љубовниот живот добив преголема инспирација да почнам да читам книги поврзани со љубовта. Па така читајќи почнав да пишувам и сама да создавам свои дела. Горда сум самата на себе и сум благодарна на луѓето затоа што за секој напишан текст имам огромна поддршка од нив.“

 

За да бидете и вие дел од нашите рубрики за поезија, кратки раскази или уметност, испраќајте ни ги вашите дела на kulturabeta@yahoo.com


62 views

Recent Posts

See All

Загуба - Ева Василева

Таа имаше љубов подлабока од морето, и душа поголема од универзумот. Ќе дадеше сè од себе за тие околу неа да се среќни, не обрнуваше многу внимание за себе. Сè додека не ја запозна својата прва љубов

bottom of page