top of page
  • Writer's pictureКултура β

Краток расказ - Христијан Михајлоски

Полнам уште една чаша вино и ја оставам до мене. Во неа треба да пронајдам зборови со кои ќе ја намалам болката. Таму треба да е скриено богатството на душата со кое животот продолжува – надежта. Во таа чаша треба да се измешани и сите чувства, мирисот на твојата душа и вкусот на твоите усни. Тука треба да се и спомените за една златна насмевка, и празните погледи што стрелаат во срце.


И сè тоа во една чаша. А кога ќе ја вкусиш, болката преовладува. Полна до врв, а сепак празна до дно. Магичен елексир.


Зарем и ти се гушиш во тие четири ѕида на осаменост? Соба полна празнина и заглушувачка тишина, мислиш ќе те растргне. А собата е само онаква какво што е и срцето. Празно. Залутано, беспомошно. Се растропало како повторно да те гледа по прв пат. Тропа да ме извести дека го гледа блесокот на световната магија во тебе. Ја гледа сета добрина на овој свет, цела негова убавина во само една точка во твоите гради. Гледа секој пат кога ќе го слушне твојот глас, секој пат кога ќе ја почувствува твојата прегратка. Кога ќе помисли на тебе и ќе заплови во мечтите каде твоето срце го прегрнало моето. Мечтите на една реалност каде јас можам да те прегрнам силно, да те бакнам страсно и секоја вечер да заспивам со твојот мил глас кој ќе ми посака слатки соништа исполнети со тебе.


А сепак играта на пишаните зборови продолжува. Заплетот допрва ќе се заплеткува, а кулминацијата е на недоглед. Желбите потиснати под тежината на реалноста набрзо ќе се искршат. И сè што ќе остане е една празна мечта, послатка од реалноста.

 

Нашиот нов β-автор Христијан Михајлоски, студент по Историја, за себе вели дека е љубител на сето она што ја разигрува неговата мечта. Сè она што останува неискажано, за него е доволна мотивација за една игра со зборови. ,,...уште повеќе, за да ги насликаме нашите соништа и желби, да кажеме колку само силно љубиме." тој додава.


53 views

Recent Posts

See All

Загуба - Ева Василева

Таа имаше љубов подлабока од морето, и душа поголема од универзумот. Ќе дадеше сè од себе за тие околу неа да се среќни, не обрнуваше многу внимание за себе. Сè додека не ја запозна својата прва љубов

bottom of page