top of page
  • Writer's pictureКултура β

Надеж - Симона Ермановска

Како сончеви зраци што се продираат низ темното дождливо небо. Како мисла недокажана. Реченица незавршена. Чувство изживеано, но никогаш необјаснето. Никогаш неискажано. Како најмалата светла точка меѓу милион темни. Како трн во окото. Како чувството кога знаеш дека си горд на себе со тоа што си го постигнал. Како чувството кое те обзема кога ќе видиш човек на улица што се смее. Сосема непознат. Странец. Но, сепак толку близок. Како капките дожд кој што паѓаат на асфалтот и разбудуваат нешто заспано во тебе. Нешто длабоко. Како пулсирањето на срцето, кога ќе видиш како мало дете купува букет цвеќиња од бабичка која што неуморно ги продава на улица. Како тоа мало детенце кое си ја отворила својата внатрешна кутија, и дозволило да цути таа во него. Како бабичката на улица која што секој ден го минува на истото место, исто време. Ги гледа истите луѓе. Но сепак се уште е тука. Седи. И чека. Чека затоа што знае дека нејзините цвеќиња ќе поправат нечиј ден. Чека затоа што знае дека ќе биде причина за нечија насмевка. Како среќата. Како тагата. Како болката. Како љубовта. Како возбудата. Ете баш таква е надежта. Секогаш спротивна од се она што го нарекувате "погрешно" и "неубаво" и секогаш блиска до се она што го нарекувате "исправно" и "убаво".

 

Нашата нова авторка која се претставува со краткиот расказ Надеж е Симона Ермановска која доаѓа од Прилеп и има 15 години. За себе вели дека самата себе се пронаоѓа во зборовите меѓу редови. Кога пишува, вели дека, се чувствува како конечно да ја слуша некој или пак конечно да се слуша себе си. „Знаеш дека е посебно и вистинско кога не можеш да го опишеш чувството кое што прави да се почувствуваш жив.“ додава таа.

27 views

Recent Posts

See All

Загуба - Ева Василева

Таа имаше љубов подлабока од морето, и душа поголема од универзумот. Ќе дадеше сè од себе за тие околу неа да се среќни, не обрнуваше многу внимание за себе. Сè додека не ја запозна својата прва љубов

bottom of page