top of page
  • Writer's pictureКултура β

Патувам по моите мисли и чуства - Теона Николова

Задлабочена во моите мисли заедно со тишината и блесокот на ѕвездите на небесната ширина. Сета таа комбинација некако ме исполнуваше. Ме инспирираше сето она што го чуствувам да го пренесам на хартија. Патувам по моите мисли и чуства барајќи едно прекрасно чуство. Љубов. Да зборувам на сите јазици, да кажувам со илјадници зборови е премалку за да го искажам чуството љубов. Не постои ниту едно нешто што може да ја опише љубовта. Нешто толку прекрасно, толку длабоко и истовремено толку заплеткано. Да бидеш сигурна дека чуствуваш нешто, но во еден момент да го смениш патот во твоето патување и да размислуваш на некој поинаков начин. Патувам и го барам прекрасното чуство кое е потребно да си го објаснам. Чуството кое се крие некаде длабоко во мене и кое не можам да го препознаам. Не сигурноста која ми претстои пред себе се повеќе ме оддалечува од тоа чуство. Патувам по оваа несигурност барајќи начин да излезам од овој немир или да продолжам со оваа бајка која се надевам ќе ме предизвика да поверувам и во магија. Секогаш го наоѓам патот кој води кон него само затоа што таму се пронаоѓам себе си. Нежни прегратки, беспрекорни допири, воздишки од треперења, љубовна искра што тлее… Таква е љубовта. Се прашувам дали ќе можам да ја убедам малата птица во мене да не лета по тебе?! Ми остави насмевка налик принцеза, допир од кој искрена стремеж блеска. Едни очи кои ме потсетија што всушност е љубовта, една насмевка која ја разубави смислата на љубовта, грижата која ја покажа вредноста на љубовта. Се е магично и волшебно. Толку прекрасно, а толку невозможно. Бесконечни апстракции со конкретна моќ.

 

Теона Николова е нашата нова β-авторка чија прва љубов е пишувањето. ,,Желбата да го напишам она што го чуствувам беше секогаш беспрекорно голема длабоко во мене. Инспирацијата што сум ја добивала од чуствата секогаш ми беше омилена и незаборавна, токму како и овој пат." ни кажува Теона

16 views

Recent Posts

See All

Загуба - Ева Василева

Таа имаше љубов подлабока од морето, и душа поголема од универзумот. Ќе дадеше сè од себе за тие околу неа да се среќни, не обрнуваше многу внимание за себе. Сè додека не ја запозна својата прва љубов

bottom of page