top of page
  • Writer's pictureЛеонид Велковски

Предлог филм: Dogtooth

Режија и сценарио: Yorgos Lanthimos

Улоги: Christos Stergioglou, Michelle Valley, Angeliki Papoulia, Mary Tsoni

Кинематографија: Thimios Bakatakis

Времетраење: 97’

Година: 2009

Земја на потекло: Грција

Жанр: Драма

Едно петчлено семејство живее во една изолирана куќа, во која се изолираат и тие, не правејќи скоро никаков контакт со надворешниот свет. Таткото како глава на семејството, оди на работа, бидејќи работи во една фабрика, а неговата сопруга и трите деца го поминуваат времето во својот дом правејќи разни активности.


Но, сепак, децата, не го поимаат светот на вистинскиот начин, не знаејќи многу работи за ,,вистинскиот” свет, надвор од нивниот двор, односно ограда, позади која мислат дека се наоѓа нивнот брат кој сепак ќе биде убиен од страшното чудовиште, малата мачка. Нивното однесување, желби и потреби се строго контролирани од нивните родители, кои прават сè што е можно да ги заштитат од суровиот свет кој се наоѓа токму зад портата. Децата се принудени да прават нешта и да влегуваат во интимни односи по наредба на своите родители.


Причината за строгоста, тајноста и чудниот однос на родителите со децата и хиерархијата во самото семејство се нејасни, но нејасно е и зошто некој не би сакал да ги пушти децата од својата закрила или подобро е тие да останат слепи за тоа што се случува, никогаш не станувајќи свесни за позицијата во која се наоѓаат. Дали ќе ги заштитат, ги заштитуваат, се задоволуваат со тоа или едноставно сметаат дека така треба или чувствуваат должност да ги чуваат сè додека можат?


Но, на крајот исто така останува нејасно прашањето, дали вадењето на кучешкиот заб ќе значи слобода или пострашна казна која ќе ја добие оној кој ќе се осмели да го напушти гнездото и стакленото (родителско) ѕвоно?

30 views
bottom of page