top of page
  • Writer's pictureМарија Хана Трајкоска

Хана и Борис во дијалог за албумот: Division Bell - Pink Floyd

Хана: Здраво на сите, се надевам дека сте спремни за ова. Овој месец ќе зборуваме за албумот "Division Bell" од Pink Floyd објавен на 28-ми март 1994 во Обединетото Кралство и на 4-ти април истата година во Соединетите Американски Држави. Ова е четиринаесетиот албум на бендот, но и последниот со целосно нов материјал и последниот снимен со Richard Wright.


Борис: Се работи за концептуален албум во кој главната тема која се провлекува е комуникацијата. Се спекулира дека албумот е разговор меѓу бендот и поранешниот фронтмен Roger Waters и зборува за нивното разделување, но тоа е од страна на гитаристот Gilmour. Главни креатори на албумот се гитаристот и вокалистот David Gilmour и синтисајзеристот Richard Wright, но како текстописец се јавува и партнерката на Gilmour, новелистката Polly Samson.


Хана: Насловот го добива од ѕвоното кое се одѕвонува во Британскиот Парламентот за да се најави гласање. Тапанарот на бендот Nick Mason вели дека насловот на албумот е за одлуките кои луѓето ги прават, за сите за и сите против.


Борис: Првата песна од албумот е "Cluster One". Иако песната трае 5 минути и целата е инструментлна, првата минута е составена само од шумови кои постепено стануваат погласни, а потоа суптилно преминува во медитациска музика со доза на психоделија што е типична за Pink Floyd. Во текот на целата песна најмногу се истакнуваат гитара и клавир, а во позадината се уште можат да се слушнат воведните шумови. Целото чувство што го добивам од песната е како некое затишје пред бура што всушност и го наговестува продолжението на албумот.



Хана: Следната песна, What do you want from me потајно се отскрива од Cluster One како да е нејзино продолжение, но потоа се засилува во блуз. Во текот на песнага се јавуваат пратечки вокали кои даваат госпел елемент на песната што многу ми се допаѓа.



Борис: Текстот го доживувам како очаен плач на некој што е изморен од обиди да задоволува некој друг. Некои фанови сметаат дека ова е порака од Gilmour до публиката за неговото отуѓување однеа. Меѓутоа самиот тој вели дека песната е за негови лични односи. Интересно е што во оваа песна како текстописци се јавуваат самиот тој и неговата сопруга. Можеби преку песната двајцата комуницираат меѓусебно.


Хана: Следната песна е Poles Apart. Спора балада со многу моќен текст кој се повикува на предходни дела на бендот. Имено песната се обраќа на доцниот поранешен член на бендот Syd Barret. Втората строфа почнува со стихот "Hey you" како исто имената песна од нивниот албум "The Wall" напишана од Roger Waters, што го наведува слушателот да помисли дека во таа строфа, бендот му се обраќа на неговиот поранешен член.



Борис: Текст што најмногу ме погодува во песната е "The rain fell so slow, down on all the roofs of uncertainty". Го доживувам како распад што долго чекал да се случи врз некој кој во секој момент очекува да добие некакво откровение.


Хана: Ми се допаѓа што наоѓаш длабочина во нешто што многу лесно може да пролета низ глава. Јас на пример не ни обрнав внимание на тој дел од песната, меѓутоа вака кога го кажуваш, ме става во мисла. Мене особено ме допира последниот стих од песната "I never thought that you'd lose the light in your eyes". Се јавува толку изненадно и нагло, но кога ќе се спои со одјавната мелодија имаш чувство како зборовите да останале како ехо во воздухот и да не можеш да ги оттргнеш од себе.


Борис: Следната песна што сакам да ја дискутираме "A great day for freedom" чија интерпретација ги дели фановите. Некои мислат дека ѕидот за кој се зборува во песната е всушност албумот "The Wall" со Roger Waters, и дека големиот ден за слобода е истиот ден кога самиот тој го напуштил бендот.



Хана: Мене интерпретацијата што повеќе ми се допаѓа е од општествено-политичка природа. Имено, стихот "On the day the wall came down" го асоцирам со паѓањето на Берлинскиот Ѕид. Кога го анализирам текстот сфаќам дека всушнот воопшто не се работи за голем ден за слобода. Текстот упатува на тоа дека всушност самото обележје за завршетокот на студената војна не ги исполнило сите ветувања кои ги направило. Стиховите "Promises lit up the night, Like paper doves in flight" за мене алудираат на празни ветувања кои веднаш исчезнуваат во моментот кога треба да станат дело.


Борис: Текстот упатува дека всушност самото оболежје за завршетокот на студената војна не ги исполнило сите ветувања кои ги направило. Стиховите "Promises lit up the night, Like paper doves in flight" за мене алудираат на празни ветувања кои веднаш исчезнуваат во моментот кога треба да станат дело.


Хана: Следната и последната песна за која што сакам да зборувам е токму мојата омилена од овој албум "Lost for words". Текстот ја обработува темата на тешкотиите да искомуницираш со некого особено кога во прашање се комплекси емоции. Дури и музиката додава на таа тема, инкорпорирајќи ги типичните атмосферски звуци на Floyd кои те водат кон интроспекција и рефлексија.



Борис: Всушност целиот процес на делењето се опишува, од првичните разговори, караници, нервози и гневни моменти, па се до напуштањето и тужбата од страна на Waters.


Хана: Текстот е многу директен и тежок, а мелодијата скоро го олеснува ударот, да биде по меланхоличчен наместо гневен. Најавата на судијата ти создава некаква анксиозност и неочекувана страв, додека ретко-користената пцофка го дава моќниот последен удар


Борис: Присутно е карактеристичното ‘срцево’ отчукување, слајдови и бендови, просторниот глас и сите елементи кои го дефинираат Gilmour. Искрено ме потсетува на песна што би била во пикот на заплетот на некој филм од раните 2000-ти хахахах.


Хана: Би рекла дека самата песна си е свој филм, но те разбирам, дека постојано ја користат музиката на Pink Floyd во филмови и серии.


Борис: Албумот е одличен, и воопшто не е изненадувачко за Pink Floyd да извадат ремек дело кои го надминува сечие очекување и едноставно го шири хоризонтот на тоа што го подразбираме под зборот „музика“.


Хана: Она што особено ми се допаѓа кај албумов, а што го има кај многу ретки артисти, едни од кои се самите Pink Floyd е што е вистинско уметничко дело во секоја смила. Не е само музика, или само поезија. Во албумот, текстот и поезијата поеднакво придонесуваат за маестралноста на албумот, како целина, но и за темите кои самите песни ги обработуваат. Додека го слушам се чусвствувам како секој збор и секоја нота да се на совршеното место, а ретко кој може да го направи тоа освен Pink Floyd.


Хана: Топло ви го препорачуваме албумов, и сите емоции што доаѓаат со него.


Борис: Се читаме нареден пат.























"

101 views

Comments


bottom of page