top of page
  • Writer's pictureМарија Хана Трајкоска

Хана и Борис во дијалог за албумот „Scott Pilgrim vs. the World" од Sex Bob-Omb and co.


Хана: Здраво на сите, се надевам дека сте спремни за ова. Овој месец имаме нешто малку поразлично, бидејки наместо за конкретен албум ќе зборуваме за музиката од легендарниот филм „Scott Pilgrim vs. the World“


Борис: Мојот омилен филм го имам гледано барем 50 пати, ја знам секоја сцена напамет, а и затоа инсистирав музиката од филмот да ја обработуваме месецов.


Хана: Навистина ме напна.

Филмот е од 2010 година и накратко кажано се работи за животот на басистот на некој непознат бенд и неговите битки против 7-те бифши на една алтернативка. А кој е бендот?


Борис: Па, тие се Sex Bob-Omb.



Борис: Првата песна како и интрото на филмот го дефинира темпото и нѐ воведува во уметничко искуство што го крши четвртиот ѕид, како и дотогаш поставените граници на романтичната комедија/мјузикл.

Песните се брзи, бесни, почнуваат нагло и наеднаш завршуваат без предупредување.



Хана: Имаат проста мелодија, а особено значење се дава на ритам-секцијата. Авторите на музиката успешно го доловуваат забавниот и лудиот амбиент на средношколски гараж-бендови, иако карактерите не се средношколци.


Борис: Секој актер си го пее својот дел и го свири својот инструмент. Особено карактеристични ми се вокалите и различните звуци со коишто се забавуваат актерите во песнава.


Хана: Следната песна е ѓубре и канти и тропање, и прљави мисли.



Хана: Песнава има доволно дисторзија во нејзе да го дупне секој звучник и секое појачало. Има смешно вулгарен текст, но сепак е романтична (колку што е возможно да биде).


Борис: Овој ѓубраџиски камион има посебно местенце во моето срце кога настапував со нејзе во моите средношколски денови.


Хана: Даа, хахахаха, ми текнува, и никој не аплаудираше на крајот дека толку е кратка и нагло завршува што сите мислеа дека ја утнавте.


Борис:

Ако најдам снимка од настапот ќе ја прикачам на рецензијава, ако не тогаш ќе продолжиме со друга црна овца.



Хана: Оваа песна не е од Sex Bob-Omb, туку од Clash at Damonhead, бендот на поранешната девојка на Скот Пилгрим, Енви Адамс, портретирана од Бри Ларсон. Само што, за појаснување, песната оригинално е од Metric, канадски инди бенд.


Борис: Песнава ми се допаѓа дека има огромен контраст со останатите. Посмирена е, мелодична, со горе-долу концизен текст и многу е забавно да се преслушаат сите различни кавери и интерпретации на песнава.


Хана: Имено, има две студио верзии, една со Бри Ларсон и една со вокалистката на Metric, Емили Хаинес. Гласот на Емили е задишан и отсечен, типичен за инди рок бендови од раните 2000-ти, додека Бри е построга и заводлива за гласот и додава боја типична за рок од 2010-тите, што мене повеќе ми се допаѓа. Искрено, изведбата на Бри Ларсон ме воодушевува, затоа што воопшто не го очекував тоа, а целосно ме шармира со гласот и „сценската“ изведба.


Борис: Следната песна ме тера да мислам на смрт и да се натажувам и други работи.



Хана: Песнава е експлозивна и луда и ги турка границите на психата. Затоа ми е омилена од Sex Bob-Omb.



Борис: И мене ми е омилена од цел филм. Дисторзијата сега како да ги гори веќе пробушените појачала и звучници и сега испуштаат високи тонови што можат да повикаат кучиња со нивното пиштење.


Кутре: ??



Хана: Целосно одговара на сцената во филмот каде што ја свират, на битката против бендовите, горила против два змејови и рушење сцена и дупли салта наназад.


Борис: Едноставно, морате да го гледате филмот, топло го препорачуваме како и целосната музика. И во чест на наглиот крај на песната.


Се читаме.












200 views
bottom of page