top of page
Writer's pictureМарија Хана Трајкоска

Хана и Борис во дијалог за албумот U.F.O.W.A.V.E. на Zoo Kid


Хана: Здраво на сите, се надевам дека ви недостасувавме. Овој месец ќе зборуваме за албумот U.F.O.W.A.V.E. од King Krule. Албумот е објавен во 2010, а King Krule е англиски музичар и текстописец роден во 1994 кој обjaвува музика од 2010, под псевдонимот Zoo Kid, а подоцна го презема и сценското име по кое е и денес познат.   

Борис: U.F.O.W.A.V.E. е неговата прва елетронска плејлиста која сам ја објавува во 2010, според името Zoo Kid, и се состои од 7 траки. Преку овој инди ЕП Krule се нурнува во музичкиот свет, а со секоја трака се покажува како се поискусен пливач и тоа на само 15 години.              а


Хана:  Првата песна од плејлистата  е Out Getting Ribs. 




Борис: Оваа песна е интроспективно ремек-дело од 4 минути во чија едноставност се крие страшна длабочина, која неретко кој тинејџер би можел да ја спознае кај себе, а уште помалку и да ја пренесе на толку интимен и елегантен начин. 


Борис: Минимализмот во инструментите го истакнуваат вокалот, кој е толку нежен и ранлив, а воедно и тежок со стихови како ,,Hate runs through my blood” и ,,I can’t escape my own escape” (прев. ,,Омраза тече низ мојата крв“ и „Не можам да го избегнам сопственото бегство“) што те тераат да поверуваш дека дете од 15 години преживеало 15 животи. 


Хана: Оваа песна го покажува темпото и чувството на албумот и поради тоа и го одбравме албумов за овие зимурливи декемвриски времиња. Следната песна е Ocean bed.



Борис: Повторно песна со едноставни амбиентални инструменти без придавање големо значење на ритам-секцијата. Песнава има постпанк карактер со ло-фај примеси. Вокалите на песната ме потсетуваат на симбиоза од Ian Curtis и Jeff Buckley. Ова е мојата апсолутно омилена песна. Начинот на којшто ја менува мелодијата и ги одделува различните теми и премините и хармониите и пратечките, едноставно ми дава вертиго и се чувствувам како постојано да паѓам и тонам во песната. Ви препорачувам Ocean bed и Baby blue да ги слушате една по друга за максималното задоволство.


Хана: Исклучително меланхоличен текст кој се крие зад лажната надеж на мелодијата. Иако и самата мелодија во нејзе содржи сивило, сепак, не може да се рамни со мракот во текстот кој иако го чувствувам во вените, не можам целосно да го доловам и разберам исто како што не можам да разберам како дете од 15 години има капацитет да се изразува на таков начин, а уште помалце има дотолку мрачни емоции во себе кои може толку едноставно да ги стави на лист. 


Хана: Следната песна за која сакам да зборувам е A Lizard State.


Борис: Она што Хана го кажа за темен текст кој се крие зад „надежна“ мелодија и тоа како се применува во оваа песна. Дефинитвно повесела од предходните во овој албум. Песнава е комбинација од панк, џез, електро и жив вокал кој си игра со динамиката на мелодијата и тексот. 



Хана: Текстот е искрено многу чуден и скоро нема смисла, како што на млади години не сме запознати со бурливата динамика на конфликтни емоции. Тагува, се нервира, моли, пцуе, безгрижен но опседнат. Иронична, саркастична, смешна и малце бедна е.


Борис: Да, но некако се разбира, мислам, немам поима што значи текстот, но целосно го разбирам. Начинот на којшто се обраќа на слушателот е како да сте седнати на кафе и ти се празни за некои случувања, главно, како што е често темата во King Krule песни, раскинување.


Хана: Следната песна е целосно вртење 180 и паѓање на грб - Has This Hit?. 



Хана: Ова е мојата омилена песна од албумот, бидејќи сметам дека сите сме ги осетиле зборовите што ги пее. 


Борис: Зборува за изгубена надеж, бесчувствителност, изолација од општеството и кровот на небото.


Хана: Повторно се обраќа према Blue, и во песната се зборува за тој период после раскинување, каде што сега наместо агресија, изразува длабока празнина. Сега повеќе не ја критикува нејзе, не го критикува слушателот или општите луѓе, сега е критичен само наспрема себеси.


Борис: И насловот нè прашува нас и Blue, Has this hit? Односно, дали не погодиле неговите зборови.


Хана: Последната песна што ќе ја обработиме е Greyscale и ќе ја обработиме накратко за да оставиме малку мистерија, да откриете сами за себе.



Борис: Во песнава се јавуваат сите елементи што ми недостасуваа во албумот. Ритамот е забавен и истакнат, гитарата вришти и звуците се едноставно прекрасни.


Хана:  Песнава е вовед во King Krule, слушајте ги нив, и слушајте го Zoo Kid. Сите имате 26 минути да го слушнете албумов, не забушавајте и се читаме следниот месец.





































Comments

Couldn’t Load Comments
It looks like there was a technical problem. Try reconnecting or refreshing the page.
bottom of page