top of page
  • Writer's pictureКултура β

Конкурс за љубовна и еротска поезија

По повод 3. роденден на „Култура ẞ“ отвораме конкурс за љубовна и еротска поезија. Избраните песни ќе бидат изложени на настанот што ќе го организираме дента (11.02.2023 г.), а потоа ќе бидат и објавени на нашите онлајн платформи.



Секој автор може да испрати до три песни. Нема ограничувања во однос на формата и на должината на песните, но важно е тие да припаѓаат во жанрот на љубовната и еротската поезија.


Рокот за апликации е до 5 февруари 2023 г., а избраните песни ќе бидат изложени на 11 февруари во кафе-книжарницата „Буква“ во рамки на поголемиот настан што го организираме по повод 3. роденден на нашата неформална организација за креативно и културно изразување на млади.


Ги очекуваме Вашите песни на kulturabeta@yahoo.com



657 views
bottom of page