• Култура β

(Не)плодна - Николинка Митрева

Низ оваа месечева светлина те намирисувам гола, моја и заспана во прегратките на душекот -ми напукува страста ко презреана калинка. Прелетај: секој нареден здив, туѓа радост, дебели болки, годишни времиња, двоумици и премисли, нагостени ноќи и шупливи зори; Прелетај и дојди: ми треба птица со грклан полн длабочини, доволно силен за да ми ја опее тагата -ми требаш ти, срцелика и неплодна иднино.

 

Николинка Митрева е авторката која зема учество во новото издание на инста-стихозбирката. Таа вели дека пишувањето е една од гранките на уметноста кои ја натерале да ја истражи истата сосема природно и ненаметливо. За својата поезија вели дека е најчесто љубовна и ги рефлектира и радоста и тагата, а секој пишан стих е роден од чиста емоција, во што, според неа лежи и убавината на пишаниот збор. Во 2019год ја издава својата прва стихозбирка „Номадски бакнежи“ од чиј дел е и песната „(Не)плодна“.


22 views