top of page

Резултати од конкурсот за љубовна и еротска поезија

Writer: Култура βКултура β

Култура ẞ на 29 јануари 2023 година објави конкурс за љубовна и еротска поезија по повод 3. роденден на нашата неформална организација. Избраните песни ќе бидат изложени на изложбата во рамки на роденденскиот настан.


На конкурсот пристигнаа песни од 82 автор(к)и, а тимот на Култура ẞ, врз основа на креативност, поетска вештина и почитувањето на темата и правилата на конкурсот, ги одбра 20-те песни што ќе бидат изложени, а потоа и објавени на нашите онлајн платформи.


Во 20-те избрани автори влегоа: Ана Ристевска, Виктор Велковски, Виолета Танчева-Златева, Галена Јованоска, Дафина Веселиновска, Драгана Стојадиновска, Ивана Јовановска, Игор Лозановски, Лидија Размоска-Тримовска, Љубица Петровска, Макрина Јорданова, Мартин Димитров, Методија Тасевски, Михаил Каровски - Натрикс, Оливер Андреевски, Силвана Димитриевска, Стефанија Ангеловска, Тања Кузманоска, Томас Ѓорѓиевски и еден анонимен автор потпишан со „Л“.


Од секој избран автор ќе биде изложена и објавена по една песна!


На сите останати кои аплицираа со песни на овој конурс им посакуваме да продолжат да читаат и пишуваат и ги очекуваме на дружба на роденденот во сабота.


Роденденскиот настан ќе се одржи во сабота (11.2.) во кафе-книжарницата „Буква“ со почеток во 18:30 часот. Во рамки на програмата ќе се случат три настани и тоа: разговор со Јулијана Величковска за лирските елементи во „Годишни времиња“ и читање делови од романот, Поетска епизода #4 и свирка на Занаду – ве очекуваме!

Comments


bottom of page