top of page

Месец на романска квир поезија: „Сакам да пискаш“ од Емилија Мардаре

  • Writer: Култура β
    Култура β
  • Jun 9
  • 2 min read

Овој Месец на гордоста, нашата поетска рубрика ја посветуваме на младата романска квир поезија. Во текот на целиот месец објавуваме повеќе автор(к)и кои пишуваат квир поезија на романски јазик. Изборот и препевот на песните го направи поетесата и преведувачка Анисија Ангел од Романија која го изучува и работи со македонскиот јазик, преводи и препеви на македонската книжевност, а од неодамна заедно со Елена Ѓорѓиоска ја приредија антологијата на млада македонска поезија на романски јазик која ја објави Лекторатот по македонски јазик во Букурешт.


сакам да пискаш

 

на улица се приближувам до неа

речиси сум таа секаде каде што е важно

погрешно научив да прифаќам граници

 

треба да е долго и да тече

сечам само од каде што треба

прекратко, корицата на списанието не го опфаќа

 

ги гледав, ласкави и ќутливи, ми кажуваа дека постои само еден начин на бит засекогаш а јас морам да го разберам тоа од минијатурни фигурички со нежен или малку гуменматеријал што го имитираат она што треба да го видам во огледалото

 

не успеав во огледалото да видам ништо освен пркосно лице испупчени јаболчници подкои расте секогаш долгото, течното, забранетото

 

исто толку е лесно да си го промениш гласот како што е лесно да купиш карирана облека, но никој не слуша со отворени очи

 

страшните и непредвидливи калдрми, денот и ноќта, начинот на кој одам и кажувам(понекогаш) зборови ја издаваат мојата тајна

 

сакаше да држиш раце и цвеќиња вапцани од вештачки реалности

снегот не ги покрива ушите на асфалтот

 

го негирам мојот наталитет

моите течни струјни кола беа погрешно устроени

 

две се, поврзани со црвена нишка

мнозинството бара тела кои се поседуваат



Емилија Мардаре (р. 2002 година) магистрантка е по политички студии, род и малцинства на SNSPA, а во 2024 година дипломирала Универзална и компаративнакнижевност на Факултетот за литература во Букурешт. Објавувала на различнионлајн платформи (Cutra, feministthoughts, Lumi Posibile), објавена е во антологијатакоординирана од Илеана Негреа TerapArt 2022, во антологиите MADZINE III и IV. Учествувала во Cenaclul Matca и во креативниот камп Zona Nouă 2024. Објавувалаво првото издание на списанието Contemporanul Nou, а од септември 2025 годинастанала член на уредничкиот одбор.

Comments


bottom of page