Циклус млада словенечка поезија: „Сѐ што забележувам...“ од Лара Божак
- Стефан Спасовски

- Jul 23
- 1 min read
Овој месец, поетската рубрика на платформите на „Култура Бета“ ја посветуваме на новата генерација словенечки поети и поетеси чии песни се поместени во антологијата со песни за војна „Крвав шах“. Во текот на целиот месец јули објавуваме неколкумина од застапените автори и авторки, а препевот од словенечки на македонски јазик го направи Стефан Спасовски.
„Крвав шах: песни за војна од новата генерација словенечки поет(ес)и“ (2026) е антологија во која се застапени словенечки поети и поетеси родени по 1990 година. Книгата е во издание на Словенечкиот ПЕН и Словенечкиот младински ПЕН како дел од одбележувањето на 100 години од Словенечкиот ПЕН. Антологијата е преведена на англиски јазик од Пино Пограјц, кој исто така е и уредник на изданието. Застапени се 39 песни кои ја прикажуваат младата поетска сцена во Словенија, нејзината посебност во однос на тематиката и стилот на пишување, но и силната општетсвена ангажираност.
Пролжуваме со поетесата Лара Божак која има објавено две збирки поезија. Таа, покрај тоа што занимава со пишување, е и вокал во етно-џез дуото „Peta stran neba“
*
сѐ што забележувам
е
нафта
горниот слој корка
на деловите од телото
се шири врз мене
тешка
густа
запаллива
*
каде да се скриеш
со своите корени
кога џиновски
косачи
се раштркуваат
дури под земјата
*




Comments