top of page
Writer's pictureКултура β

„Сега тој е“ од Стефан Спасовски

Сега тој е


Беше и дом и присове

и засирена крв на раната

очајно заштитена.

Беше габа на оцетот,

кајмак на млекото,

влакно на кожата,

сало на телото.

Беше сѐ за да се заштити.

Имаше страв од време

како сура магла да му висеше,

ко облаци бујни што висат пред дожд,

ко мушички ниско што летаат.

Имаше страв од птици без клун,

вели, тие најопасно колваат.

Сега тој е храбар.

Сега

Тој

Е


 

Стефан Спасовски е студент од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, дел од Култура Бета, кафе-книжарницата „Илика“ и студентското списание „Ин медиас рес“. Тој пишува поезија, проза, есеи. До сега има настапено на неколку поетски читања (Клинци, Отскочна даска #2, Отскочна даска #3..)

Comments


bottom of page