Град на четири (жмигавци)
Тк, тк, тк, тк, тк, тк, тк, тк.
Црвен триаголник, дозвола, избезумен, лошо организиран, јас, мој сограѓанин, современ или не - скопски лик.
Застанат накратко, заборавен предолго, корен во комфорт, веројатно лош однос со својот татко.
Не просторира, збунето функционира, во случај на пајак, единствен избор - мора да галопира.
Емоционално девастиран, духовно корумпиран, пред Бога на четири,
привремено во порокот инвестиран.
Политички неангажиран, културно амнестиран, град на четири - идејно блокиран.
Тк, тк, тк, тк, тк, тк, тк, тк.
Жмигавците вклучени, во домот исклучени, збиени, тесни, во мојот град, еден на друг, прелесно бесни.
Песната „Град на четири (жмигавци)“ беше прочитана на поетскиот настан за млади „Скопје СИ ТИ“, во рамки на „Денови на поезијата“ во Скопје Сити Мол.
Виктор Бучковски е магистер по право на интелектуална сопственост, работи во граѓански сектор,а негови полиња на интерес се правото, политиката и од скоро време, поезијата.
Comments