top of page
  • Writer's pictureКултура β

Тишината во твоите очи - Ване Дериволов

Тишината во твоите очи

-уништувачка и поразувачка.

Кој не ја разбрал твојата тишина,

нема да ги разбере ни твоите зборови.

Очите твои ништо не ми откриваат.

Тишината ме убива, ме крши на ситни делчиња...

Од твојот поглед горам и останувам без здив.

Моето срце - пепел,а сè уште блеска со жар.

Жена на тишината си ти

со срце полно со одговори!

Тебе никој не те разбира, никој, само јас.

 

Ване Дериволов е новиот учесник во нашата ẞ-инста-стихозбирка, а ни се претствува со својата „Тишина во твоите очи“ која е дел од неговата нова стихозбирка „Изворот на мојата душа“

Тој за збирката вели: „Мојата душа, место од каде протекуваат стиховите. Со еден збор ИЗВОР. Капка по капка, или песна по песна, се створи река, односно стихозбирка-книга што првично ја нареков „Изворот на мојата душа“. Песните се напишани инспиративно и се одраз на некоја моја приказна, на некое мое видување, мој свет, илустрација на силни импресии. Секогаш кога ги читам песните доаѓам до заклучок дека ова е едно книжевно дело во кое се собрани многу содржини и обично во нивната структура се крие и клучалката низ која се откриваат размислувањата на писателот, неговата слобода и имагинација.


Збирката бара познавање и разбирање на психата на човекот, воопшто. Односно дали можам радоста, што ја пренесов во одредени песни да ја доловам и до читателите и обратно, тагата кон нешто недостижно и сл.“


Инаку промоцијата на стихозбирката „Изворот на мојата душа“ ќе се одржи во НУ-УБ ,,Гоце Делчев"- Штип, на 24. април од 18 часот.

50 views

Recent Posts

See All

Скопје СИ ТИ: „Го преколнувам мојот град“ од Методија Тасевски

го преколнувам мојот град по Балашевиќ го преколнувам мојот град да не ги руши мостовите и куќите пред нив и тие зад нив; да не ги бетонира парковите, тревите, зелените огради, цвеќињата, листовите, б

bottom of page