top of page
Writer's pictureАндреј Сивески

Збунетост, отуѓеност и дисторзија | Under The Western Freeway


„Under The Western Freeway“ е првиот долгосвиречки албум на издавачка куќа на америчкиот рок бенд Grandaddy. Овој ексцентричен бенд се појавува во средината на девеесетите, ера во која владеат рок и гранџ бендовите, инспириран од звуците на инди рок бендови како Pavement, меѓутоа и од класичната и од поп музиката од шеесетите. Нивниот „деби“ албум се јавува како труд за усовршување на звукот кој го развива бендот уште од нивните предходни изданија, а тоа е еден меланхоличен, индиферентен звук за кој не ни е позната комплементарна емоција.


Отворени ни се портите на албумот со „Nonphenomenal Lineage“, песна со која започнува нова доба во музиката на Grandaddy. Песната срамежливо се двоуми дали да продолжи во атмосферичен инструментал или меланхолична балада. На крајот на песната ни се придружува сајзер кој нестрпливо нѐ носи во наредната песна.


„A.M 180“ е наредната песна, и веројатно најпрепознатливата Grandaddy песна, и тоа со добри причини. Најпрво, таа е добра репрезентација на бендот со своите транзиции меѓу гласни дистрозирани гитари и вселенски клавијатури. Другата причина е тоа што песната беше вметната во филмот 28 Days Later, во кој е присутно чувството на осаменост и отуѓеност на албумов.


Уште подобро се дефинира звукот на албумот и Grandaddy со „Collective Dreamwish of Upperclass Elegance“, овоена со остри дигитални звуци придружени со нежните вокали на Џејсон Лајтл и акустична гитара. Песната постојано се развива додека ритам секцијата ни ја задржува рамнотежата.


Следува извондредната поп песна „Summer Here Kids“ со која Лајтл ги надминува границите на својата компонирачка способност. Таа е уште една песна која го дефинира звукот на бендот во овој период како и во идните изданија.


На друга страна „Laughing Stock“ е песна со звук кој добро ги опфаќа темите на отуѓеност и индиферентност во албумот, со помош на вештачките звуци испуштени од сајзерите и далечните вокали. Меланхоличниот рефрен во песната како и солажите го катализираат чувството на несигурност и беда, меѓутоа задржувајќи волшебен, мелодичен звук.


„Under The Western Freeway“ е песната која го носи името на албумот, и тоа со добра причина. Без вокали и текст песната успева да ја долови атмосферата на албумот во три минути, подготвувајќи нѐ за втората половина на албумот.


Хаотичниот почеток на „Everything Beautiful Is Far Away“ служи како аларм за да се разбудиме од сонот во кој сме се занесиле. Се дава фокус на текстот во оваа песна кој ја гради атмосферата, но и не е единствениот белег на песната. Џејсон повторно си ги предизвикува своите способности и навистина се надминува со оваа балада. Осамениот звук на електричната гитара и затворениот фус го придружуваат нежните вокали, кои се повремено прекинати од гласните синтисајзери во рефренот.


Веднаш по кратката „Poisoned at Hartsy Thai Food“, започнува крајниот дел од албумот, суита со топли, ведри звуци, која совршено го заокружува албумот.

По една минута и 45 секунди од нејзиниот крај (со крајот на „Lawn And So On“) започнува пеење на штурци.


Comments


bottom of page