top of page
  • Writer's pictureКултура β

Гледај во залезот

Гледај во залезот, и љубовта моја ќе ја видиш. Колку пати и да зајде, високо на небото пак ќе се најде.

И срцето мое во сонцето го гледаш, паѓа, тоне и моли, во сенката на заборавот се впушта, само против себе се бори.

Ама колку пати кон заборав и да заита, на исток повторно се враќа. И како и сонцето, и љубовта во срцето, пак само за тебе се раѓа.

Ама колку пати сонцето треба да се врати, за ноќта неговата моќ да ја сфати?

 

Петтата песна која зема учество во нашиот двонеделен поетски циклус е „Гледај во залезот“ чија авторка нè замоли да остане анонимна.

13 views
bottom of page