top of page
  • Writer's pictureКултура β

Универзумот во мене и јас во него - Марија Велинова

Зар е возможно

да ја впијам целата историја?

Во мене за последен пат

да блесне секоја ѕвезда

што некогаш изгаснала.

Секое огниште

на мене опекотини да остави,

а универзумот на моето тело

ренесансна слика да наслика.

Кога песната на секоја птица,

во ушите би ми се вселила,

би добила и јас крилја

и ангелски глас.

И сончевиот жар

од мене нека се одбие,

за светот да изгорам,

да се стопам.

Лебдечка честичка

во вселената да се сторам.

Марија Велинова e поетеса родена и израсната во Штип, ученик во четврта година во СОУ „Славчо Стојменски“. Таа до сега учествувала во нашата ẞ-инста-стихозбирка, во првото поетско читање на Култура ẞ и е првата авторка чиј текст беше објавен во рубриката за кратки раскази.


„Разговорите што не можевме да ги имаме” е нејзината прва стихозбирка со која нè води низ лавиринтот на нејзиното срце во чиј излез се гледа ранливоста на неискажаните мисли.

Таа е дел од драмското студио „Spotlight“ Од мала возраст има невообичаена заинтересираност за книги и филмови, а на пет години се запознава со театрот. Тој зазема посебно место во нејзиното срце и случајно се свртува себеси кон уметностите. Неколку години подоцна се задлабочува во светот на прозата, за на крај пишувањето поезија да ѝ стане хоби. Активно започнува со пишување во 2018 и со своите дела конкурира на повеќе места, од кои добива една прва награда како и номинација за наградата „Антев Часовник“. „Разговорите што не можевме да ги имаме” е нејзината прва стихозбирка со која нè води низ лавиринтот на нејзиното срце во чиј излез се гледа ранливоста на неискажаните мисли.


Во сабота на 4ти декември, на големата сцена во Домот на култура „Ацо Шопов“ - Штип, со почеток во 19 часот ќе се одржи промоцијата на дебитантската стихозбирка „Разговорите што не можевме да ги имаме” на поетесата Марија Велинова.


Настанот е во режија на Стефанија Трифунова, а поезија ќе читаат членовите на драмското студио „Spotlight“: Ана Марија Тикова, Ива Џорлева, Слободанка Ѓорчева, Јован Јанев, Ана Манева и Макрина Јорданова.


На промоцијата за книгата ќе зборува Андреј Медиќ Лазаревски, поет и главен и одговорен уредник на неформалното младинско здружение „Култура ẞ“.


„Разговорите што не можевме да ги имаме” е дел е од едицијата „Книжевни меридијани” и ја носи втората награда „Душата на чаршијата” на конкурсот за дебитантски ракопис на издавачката куќа ДАТА Песнопој.

47 views

Recent Posts

See All

Скопје СИ ТИ: „Го преколнувам мојот град“ од Методија Тасевски

го преколнувам мојот град по Балашевиќ го преколнувам мојот град да не ги руши мостовите и куќите пред нив и тие зад нив; да не ги бетонира парковите, тревите, зелените огради, цвеќињата, листовите, б

bottom of page