Третман на отпад се однесува на активностите кои се потребни за да се осигура дека отпадот ќе има најмало можно влијание врз животната средина. Во многу земји постојат и закони кои го регулираат справувањето со различен тип на отпад.
Третманот на цврстиот отпад е една од клучните компоненти за успешно управување со отпадот. Всушност тоа претставува собирање, справување и фрлање на цврст отпад, кој повеќе не е корисен.
Третман на земјоделски отпадни води претставува отстранување на течниот отпад од животните и остатоци од пестициди.
Третман на индустриските отпадни води се однесува на третман на отпадот од фабрики, рудници, електрани и други комерцијални објекти.
Под поимот третман со радиоактивен отпад се подразбира отстранување и справување со радиоактивниот отпад.
Comentarios