top of page
Writer's pictureВасил Ханџиски

Еко-фактопедија: Биопластика

Биопластика е пластика која е направена од обновливи извори или/и е биоразградлива. Таа е биоразградлива ако под дејство на микрорганизми се разгради до CO2 , вода, метан и биомаса. Да е направена од обновливи извори значи дека за да се изработи во целост или делумно е употребена биомаса (материјал од биолошки извор).


За да откриеме колкав процент од нашата пластика е изработена од обновливи извори ја употребуваме активноста на изотопот ¹⁴C. Односно ако активноста на ¹⁴C e 30% значи дека нашата пластика е 30% изработена од обновливи извори.



Comments


bottom of page