Напредни постапки за оксидација (AOP-Advanced Oxidation Processes) се оксидациски процеси кои ни овозможуваат прочистување на водата преку оксидација на органски загадувачи во водата. Тие ги оксидираат органските загадувачи до јаглероден диоксид и вода. Нивната практична апликација е за разградување на синтетички бои присутни во водата.
За овие постапки најчесто се употребува H2O2 (водороден пероксид), кој е моќно оксидациско средство, но е потребно да го активираме за да добиеме хидроксилни групи, кои се помоќно оксидациско средство од него. За активација на H2O2 употребуваме озон или УВ-зраци.
Comments