top of page
  • Writer's pictureИван Николов

Крипто? Не, фала

Криптовалути се иднината на економијата и на светот! Тие ќе го сменат и веќе го менуваат на подобро! Можеби користат повеќе електрична енергија отколку цела Италија и прават огромна штета на околината, но тоа не е битно, вие можете лесно да се направите богати со помош на оваа нова технологија...на сметка на други луѓе. Ова не е измама и е добра инвестиција каде што можете да си ги депозирате сите ваши пари и нема никаква шанса (сполјер, саркастичен сум и има огромона шанса) да ви евапорираат сите инвестиции во текот на една ноќ заради твитови на одредени познати личности.


Ова е лага која што го држи светот во заробеништво последните години. Насекаде слушаме за крпитовалути и дека се супер, дека треба да инвестираме во нив и дека тие се иднината. Ја украсуваат својата пропаганда со убави зборови како децентрализација, футурустични, есенцијални во борбата против корупцијата и откако ќе се распаднат големите држави тие ќе се валутата со која што ќе тргува човештвото. Во само оваа реченица има премногу контрадикции и бесмислени работи што не знам ни од каде да почнам. Ај, ќе почнам од самиот почеток, што се воопшто криптовалути?


Криптовалути се дефинирани како дигитални валути кои што не се регулирани од страна на ниту една централизирана институција (како банка, држава итн.), туку од страна на нивните корисници. Тие се во 100% електронска форма и се воспоставува вештачка реткост за тие да добијат некаква вредност (т.е не е возможно лесно да се дуплират и затоа ,,им се се задржува вредноста“, исто така има одредена бројка, има 20 милиони биткоин во целост, од кои 19 мил. се веке ископани). Тие се создаваат со помош на процес наречен копање, којшто користи огромни количини на енергија за да прават намерно тешки и бескорисни математички задачи. Исто така заради копањето има голема инфлација на цените во врска со компјутерскиот хардвер.


Нивната есенцијална функција е да се користат како валута ама тие воопшто не ја исполнуваат таа функција во пракса, туку се дел од спекулативната економија, односно како акции на берзата. Луѓето не ги користат нив за да купуваат работи (1.6% од сите трансакции што се извршени со помош на биткоин се во форма на купување), туку ги користат како инвестиција, односно ги користат како пари коишто не ги трошат, туку ги чуват за да ги продадат тие пари кога ќе имаат поголема вредност (или кога ќе видат дека нивната инвестиција драстично опаѓа и сакаат да си ја намалат својата загуба). На кратко може да се каже дека тие се онлајн коцкарница или како што би рекол Карл Маркс, тие се фиктивен капитал.


Заради дерегулираната природа на валутите, лесно е да се влијае врз нивната вредност која што доживува големи промени. Многу честа појава е Pump and Dump кражбата што е екстремно нелегално да се прави на берзата, ама заради отсуството на закони кај крипто, нема легални последици. Тоа е процес каде што се плаќат инфлуенсери (пример Логан Пол, Мат Дејмон, Елон Муск итн.) да ви ја промовираат криптовалутата и да соберете инвеститори за да се крене вредноста.

Моментот кога ќе има некаква парична вредност вие си ги продавате сите ваши акции (и ова го правите заедно, група на луѓе, со огромен број на криптовалути) и правите огромен профит, меѓутоа вредноста на валутата драстично опаѓа и сите други луѓе се во огромна загуба. Овие се случуваат секој ден и се причината зошто се толку популарни. „Направи 3.4 милиони долари во трговија со криптовалути во еден месец” се чести наслови и тоа во превод значи дека бил дел од нелегални зделки.

Сликата горе ја покажува вредноста на една валута која што првично вредеше 400$, a во една ноќ ја изгуби целата своја вредност.

Скриншотот лево е направен од мене кога ме исконтактираа да сум дел од една ваква шема, а другиот е од твитерот на Елон Муск.


Ова е типичната слика на еден КРИПТО БРО. Тие воедно се физичката манифестација на сѐ што е труло со криптовалутите и со сета таа технологија. Тие цело време пробуваат тебе да ти го продадат продуктот со помош на своите успеси и своето богатство. Пробуваат да ве шармираат со нивните ветувања на getting rich quick и дека сега е идеалното време да се инвестира во ова за да се добие најголемиот профит. Тоа го прават со ФОМО тактики (fear of missing out). Самите знаат дека сето ова е фарса и сакаат да естрахираат колку што може повеќе пари додека не пукне овој спекулативен меур како што пукнаа во 2008 , the dot com bubble во 1995-2000 итн. Тие намерно изнејмвуаат големи куќи, хотели, ресторани, авиони за да ви се отсликат како успешни иноватори и трговци за да ви личат доверливи и да му влезите во стапицата. Ова е направено во цела индустрија на измама (која индустрија не е измама) и многу луѓе ја држат фасадата дека е успешен системот и не се распаѓа. Затоа сите кои се промотери на крипто не знаат што е, ни што му е функцијата, туку само ги повторуваат истите реченици како испрограмирани роботи. Сите знаеме по еден крипто бро. Ве молам не бидете крипто бро.


П.С. Ова го пишувам со најдобри намери, не за да исмејувам за повеќе кликови или да сум контраверзен само за да сум контраверзен, туку сакам да информирам колку што може повеќе луѓе за да не потпаднат под нивната пропаганда и да изгубат големи суми на пари. Јас лично, додека немав убаво истражувано во врска со темата бев возбуден и бев спремен да инвестирам во некоја криптовалута, ама во последен момент открив како работи целата сфера и што им се целите. Така да, ако имате некој познаник, пријател или роднина што планира да инвестира во некоја криптовалута, ве молам да му ја испратите колумната, со цел да го спречиме губењето на пари на вакви шеми. Како што беше Битконект шемата во 2017 година која што избега со милиони украдени пари.





 

Сите автори стојат во целост зад кажаното во своите колумни, дела, поеми, кратки раскази и друг вид на текстови кои ги објавуваме. Култура β не мора секогаш да се согласува со ставовите на авторите, а искажаните ставови не секогаш ја рефлектираат уредувачката политика на Култура β.







493 views
bottom of page