top of page
Writer's pictureАндреј Медиќ Лазаревски

1, 2, 3 муабети за Скопски поетски фестивал со Валентина Бакти, поетеса и уметница

Во 1, 2, 3 муабети наменети за Скопскиот поетски фестивал, а направени во аудио формат на првата фестивалска ноќ, по настанот „Отскочна даска“, трета ни гостува Валентина Бакти од Србија, поетеса и уметница која со својата изложба на колажи „Сум страдал ама убаво ми било“ го отвори второто издание на Скопскиот поетски фестивал.


Андреј: Со твоите колажи го дофаќаш духот на Скопје кој го чувствуваш и живееш кога си тука...


Валентина: Скопје ми е љубов, се радувам и благодарна сум што сум имала прилика да живеам и создавам таму. Колажите се претставени на публиката во Скопје, веќе двапати, најпрво за време на резиденцијата, а потоа и на нашиот поетски фестивал. Едвај чекам колажите да ги види и Белград.


Андреј: Имаш едни стихови што многу ги сакам, парафразирам, „Седам на автобуската станица во Скопје и го чекам експресниот и се чувствувам како да се чекам себеси“. Кое е чувството на автобуската станица во Скопје?


Валентина: Чувствата се менувале со годините, во сеќавањето главно прегратките ми останале трајни.


Андреј: Зошто е значајно да се биде уметник?


Валентина: Исто како што е значајно да се биде водоинсталатер, трговец или ништо... Не ме интересираат професии туку тоа што човек може да остави на друг човек, а притоа ништо да не очекува за возврат. Уметноста за мене е соочување, прифаќање и пуштање. Бидете се’ што сакате да бидете и никогаш не заборавајте на другите луѓе колку и себе да сте си важни.


Андреј: Зошто се значајни поетските фестивали?


Валентина: Поради средбите, секако.


Андреј: Зошто и колку е важно да се преведуваме меѓусебе, особено поетите од регионот?


Валентина: Зависи колку му даваме на важност. Најмногу би сакала сите да ги знаеме сите јазици и да не мораме да се преведуваме, но со оглед на тоа што не ги знаеме, ќе се превеедуваме и ќе не’ преведуваат, повторно: поради препознавање.

Comments


bottom of page