top of page
Writer's pictureАндреј Медиќ Лазаревски

1, 2, 3 муабети за Скопскиот поетски фестивал – Марија Велинова, победник на „Отскочна даска“

Во 1, 2, 3 муабети наменети за Скопскиот поетски фестивал, а направени во аудио формат на првата фестивалска ноќ, по настанот „Отскочна даска“, втора ни гостува Марија Велинова која победи на младинското поетско читање „Отскочна даска“ кое се одржа на отворањето на Скопскиот поетски фестивал на 29 август во кафе-книжарницата „Буква“.


Андреј: Какво е чувството да се биде дел од младинското поетско читање „Отскочна даска“, како дел од Скопски поетски фестивал?


Марија: Баш какво што треба да биде!


Андреј: Каков е, според тебе, моменталниот статус на македонската современа поезија?


Марија: Сите бараме нешто од поезијата, а всушност сфаќаме дека ние сме ѝ неа потребни. Во последно време е евидентен развиток и пораст во пишувањето поезија особено меѓу младите поети и поетеси, а тоа се потврдува и со тоа што, еве, на „Отскочна даска“ се имаа пријавено 42 млади автори. Така што, сметам дека моментално статусот е солиден, но исто така сметам дека треба поголема видливост кај младите поети, како и некакво поголемо здружување, организирање заеднички настани и слично.


Андреј: Што ѝ е потребно на младинската поетска сцена?


Марија: Храброст.


Андреј: А што подразбираш под храброст?


Марија: Верба во себе, да бидеш гласен ти мислиш или кога други мислат дека не треба да зборуваш, да пишуваш кога ти доаѓа да пишуваш и да го споделуваш напишаното.


Андреј: Колку е потребна институционална поддршка на младите автори?


Марија: Младите секако прават многу од тоа што го прават без поддршка, но доколку ја добијат би значела премногу и би правеле уште многу повеќе.


Андреј: За крај, ако твојот живот беше песна или книга кој наслов ќе го имаше, може и да е постоечки наслов?


Марија: „Лузна“ од Ацо Шопов!


Comments


bottom of page