top of page
  • Writer's pictureКултура β

1. – Макрина Јорданова

положи ме

во леглото

каде ти се слеваат солзите,

јас ќе ги впијам наместо перницата

засукај ми суканици

замрси ги твоите грижи

заплеткај ги

ќе ги носам со себе,

завиј ме во црни кошули

и земи ми ја бојата

за да го обоиш својот видик.


крвари

од отворените рани,

крвари врз мене

да ми се нацрват усните,

од нив храни се,

на нив гости се.


положи ме во леглото

каде си позајмуваме делови од себе,

онаму каде се одземаме

и себеси се подаруваме.


 

Макрина Јорданова е млада поетеса која има 18 години и потекнува од Штип. Се занимава со пишување поезија, театар, јога -нештата кои „ја хранат душата и ја сплотуваат со изворот”. Има учествувано на повеќе поетски читања меѓу кои и „Добри гости” и „Поетска епизода #2”.


„Инспирацијата ја пронаоѓам насекаде, во природата, во реката, меѓу ѕвездите и длабочините. Реализацијата за поврзаноста на сите нешта во универзумот ме научи да дишам длабоко, а паузата меѓу дишењето е моментот кога на лист хартија, небаре маѓепсана, преточувам дел од себе.” ни вели Макрина.


🔴Песната „1.“ беше изложена на изложбата на настанот по повод 3. роденден на „Култура Бета“

555 views

Recent Posts

See All

Скопје СИ ТИ: „Го преколнувам мојот град“ од Методија Тасевски

го преколнувам мојот град по Балашевиќ го преколнувам мојот град да не ги руши мостовите и куќите пред нив и тие зад нив; да не ги бетонира парковите, тревите, зелените огради, цвеќињата, листовите, б

bottom of page