top of page
Writer's pictureКалина Качоровска

Април со Леона Јариќ - Најава

За „Култура Бета“, април е месец на филмот, па логично е и носител на рубриката „Лик на месецот“ овојпат да биде човек кој се занимава со филм. Така, во април ќе ја следиме и анализираме, но и ќе разговараме и ќе се дружиме со Леона Јариќ.


Леона е студентка на Катедрата за Општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ во Скопје. Примарно се занимава со режија, но покрај тоа, нејзиното име неретко можете да го видите асоцирано и со сценарио, камера или монтажа. Таа е една од оние луѓе кои на прашањето од кога се занимаваат со она што се занимаваат, ќе ви одговорат со „од најмала возраст“, но она што ја прави нејзе специфична е што таа од најмала возраст не само што се интересира за филмот како уметност, туку и активно работи на нејзиниот интерес и сон. Таа има учествувано на речиси сите филмски фестивали кај нас, најпрвен како волонтер, младински учесник, водител, организатор, а со текот на времето, и како гостин со нејзини филмови. Кога ќе ја чуете определбата „љубител на филм“, најверојатно замислувате некој како Леона.


Пред нецела недела, нејзниот последен филм Живот Даске/Life of a board е прикажан на „Мартовски Фестивал“ во Белград, во рамките на натпреварувачката програма за документарен филм до 50 минути. Но, за тоа ќе зборуваме подоцна во месецот.


Следниот понеделник, хронолошки ќе го проследиме нејзиното творештвото и нејзиниот ангажман во полето на филмот, потоа подетално ќе зборуваме за некои од нејзините филмови, а на крај од април ќе ја имате можноста и да ја слушнете Леона во аудио подкаст.


Се слушаме и се читаме!


Comments

Couldn’t Load Comments
It looks like there was a technical problem. Try reconnecting or refreshing the page.
bottom of page