top of page

Ноември со Александар Галевски

  • Writer: Марија Хана Трајкоска
    Марија Хана Трајкоска
  • 3 days ago
  • 1 min read

Необично и шармантно момче со интересен акцент и можеби единствениот Австралиец кој се преселил во Македонија, е тема на обработка за месец ноември. Се работи за Александар Галевски, битолчанец роден во Сиднеј, а од 2014 урбан Скопјанец, по струка сѐ уште недипломиран електроинженер, а во дух музичар.


ree

Примарниот инструмент му се тапани со кои се запознава на 7 години, активно почнува да се дружи со нив во деветто одделение, а за време на средношколските денови тапаните ги запознава со беднот Futility. Денес Алекс е 22 годишно момче кое свири и твори со Дивоградба, Mallard, и Стој, После!, а во август 2025 излезе од комфортната зона и на светот му го претстави Warm Hands, акустичен соло проект, за кој ќе зборуваме подетално во некој од наредните недели. Дотогаш слушнете што има Алекс да каже во една од епизодите на подкастот „Демобилизација“



Comments


bottom of page