top of page
Writer's pictureИван Николов

Август со Бојан Прцуловски - Ретроспектива (дел 1)

Да не си го заборавиме нашето минато!




Како што е тешко да се опфати еден временски период и верно да се отслика во својата суштина, така е исто тешко да се опфати профилот „Старо Скопје“ во рамките на една ретроспектива. Тоа е сосема невозможно, затоа што и двете се исполнети со најразлични работи, најразлични детали на кои треба да се посветува многу време и внимание. Затоа и го одбравме како лик на месецот за да посветиме колку што може повеќе време и енергија на истражувањето. Најпрво да започнеме од самиот почеток.


Но и да се идентификува самиот почеток не е лесно, затоа што ви е потребно долго време да искролате од најновите објави (потребни ви се 4 минути и 16 секунди, да, мерев на штоперица) до самиот почеток. А самиот почеток е објава која што ја објаснува мисијата на профилот, а тоа е.


,,Овој Инстаграм профил претставува топло, трепетливо катче, времеплов на емоции и сеќавања, врежани и грижливо сочувани од заборав длабоко во срцата. За времињата кога радоста и тагата беа секогаш поделувани со блиските. Животот со соседот беше дел од нашето битие. За времињата кога често рамо за рамо се виеше орото и ечеше песната по Скопските маала. Но и за времињата кога Скопје и неговите луѓе се исправени пред тешкото искушение на природата кое длабоко му зададе крвава рана.


Мисијата на Старо Скопје е да не си го заборавиме своето минато! “

Првите објави се во црно бел стил и го отсликуваат Скопје околу времето на земјотресот, тематика која што константо ќе се повторува затоа што е клучна за идентитетот на градот. На сликите се гледа Водно каде што сѐ уште не е пошумено, град кој што е жив и луѓето се движат во него. Град кој што за еден момент престана да чука и повторно почнаа луѓето да се движат во него.

Офицерски Дом

После земјотресот во 1964 - Привремена Железничка Станица

Стоковна куќа - Скопје (од внатре)

Поплави во Скопје…

Веќе и во овие фази ќе се појави фасинацијата и фетишизацијата на старите артефакти, кое што морам да признам, ми се преинтересни. Профилот има цел хајлајт посветен на пакетите на цигари кои што се пушеле порано. Креативноста и идентитетот на времето се гледа на самата амбалажа. Дури и јас, како непушач, сакам да запалам една.


Кој бренд беше според вас најдобар?

Други интересни артефакти кои што можат да се пронајдат се списанија, велосипеди, телефони (кои што исто така имаат свој посебен хајлајт) и сто други работи! Ако ве интересираат вакви работи исто така можете да го посетите профилот MadeOfSpit кој што е соработник на СтароСкопје.




Супер Агрокрем > Нутела

Производител на Пони велосипедите е Rog Bikes од Словенија, која постои веќе 65 години.

И комшиите да слушнат дека некој ти ѕвони

Тоа што го прави градот се луѓето што се во него и не треба тоа да се заборави! Профилот исто така му оддава внимание и почит на луѓето и неретко тие се централниот фокус на објавите. Често има објави кои што се наменети за некои личности, дали локални или битни во поголемиот контекс. За нив има приказни, анегдоти, митови и легенди што треба да се слушнати ! И Бојан Прцуловски ни ги споделува во најразлични форми, некои се во форма на цитати, приказни, некои се видео записи каде што самата личност ни зборува. Исто така има посебен хајлат за нив, но и посебни постови на секаде во архивата.


Профилот не се задржува локално само во Скопје и се проширува во поголемиот Македонски и Јужнословенски контекст и започнува со објави од другите градови и држави. Но за тоа повеќе ќе се посветиме следната недела!


П.С. sneak peak





Comments


bottom of page