top of page
Writer's pictureИван Николов

Август со Бојан Прцуловски - Ретроспектива (2 дел)

Се враќаме на ретроспективата.


Ќе кажам нешто противречно (ама да не ми се смеете), но „Старо Скопје“, иако е временска архива со стари носии, складиште на винтејџ ретро спомени, мене ме потсеќа на младост. Ми дава чувство на живот, слика на организам што е жив, здрав и едвај чека да го искуси животот. Живот што знае дека ќе биде добар. Исполнет е со слики каде што младината е во централниот фокус. На секоја слика некако може да се пронајде по некоја млада душа. Дури и во тие слики каде што не ги очекувате, некако се протнала и оп! Фатена е во центарот на кадарот! Мислам дека ова го опфаќа и општото чувство и духот на времето, време на оптимизам дури и во најмрачните моменти. Сликите ги анимираат и размрдуваат дури и мртвите статуи што денес седат на местото каде што порано нивните предци седеле. Сте се запрашале ли зошто има чистачи на чевли на плоштадот Македонија, среде Скопје? Сега имате објаснување, дури и доказ во акција.






Македонија е препознатлива по сите различни присутни архитектонски стилови на мала површина. Каде на кое друго место ако не тука, можете да најдете градби од Османлискиот период кои што се дружат со бруталистички кули, опколени со староградски куќи? Скопје не е исклучок на ова, баш е и еден од најдобрите примери. Има преубави и уникатни градби кои што имаат неискажани и зачудувачки приказни. Затоа и Бојан Прцуловски објавува истражувања каде што ги демистифицира и разбиструва некои од најпрепознатливите објекти во градот. Еден таков објект на кој што му има дадено фокус е Ристиќевата Палата во центарот на градот. Објект кој што е исполнет со историја и за кого Бојан пишува дека била изграден во 1926-тата година од страна на Драгутин Маслаќ, финансирана и во сопственост на Владислав Ристиќ, фармацевт.


Извадок од објавата:


„Ѕидовите биле посебно засилувани со цврста железна арматура. Кога скопјани го запрашале: ,,Господине Ристиќ, зошто градите вакво чудо, толкава палата среде Скопје?“, тој мирно и духовито одговорил: „Градам споменик за себе“. И навистина не само што изградил споменик за себе, туку и за многу генерации скопјани и оставил траен белег во градот, објект што по својата цврстина им одолеа и на поплавата (1962) и на земјотресот (1963).“



Други објекти за кои што има пишувано се скопскиот аквадукт и лотус фонтата која што се наоѓа во паркот.



Скопје не живее во вакуум и константо комуницира со надворешниот свет и сосема очекувано е дека и самите интереси на профилот ќе се разгранат да допираат нови површини. Другите градови (дури и држави во сегашниот момент) ги посетува или со посветени објави каде што се истакнуваат интересните карактеристики на тие градови или со колаж на разгледници. Преинтересно ми е дека ја има дури и мојата зграда на една од разгледниците!






Како за крај сакам да го пофалам за неговата посветеност и кон постарото македонско културно наследство.







Comments

Couldn’t Load Comments
It looks like there was a technical problem. Try reconnecting or refreshing the page.
bottom of page