top of page
  • Writer's pictureИван Николов

Август со Бојан Прцуловски (Старо Скопје) - Најава

„Старо Скопје“ е име кое е познато и веќе е свој бренд. Со големо задоволство го најавуваме како следен лик на месецот Бојан Прцуловски и неговиот безвременски проект „Старо Скопје“.


Неговиот профил е огромна временска архива која е исполнета со истражувања, слики, снимки кои го имаат тој уникатен (екс)-ју стил.


Профилот преубаво ги покажува приказните што се впишани во најразличните објекти од секојдневието. Секој пост, секоја објава е уникатна и прави да гледате на темата поинаку. Ви ги обојува апстрактните мисли и ви дава одговори на најразлични прашања. Кој ја изградил оваа градба? Кои цигари се пушеле во летото 1993? Каква музика, какви мисли се вртеле низ главите на луѓето во едно друго време?


Сите овие прашања, за жал, не можат да се одговорат, но ние можеме да влеземе внатре во временската капсула што е „Старо Скопје“ и да видиме и да се почувствуваме како било да си жив тогаш.


Следете нѐ и овој месец, подготвуваме повеќе содржини!

246 views
bottom of page