Август со Леонид Велковски
- Амелиа Георгиевска
- Aug 13
- 1 min read
Месецот август го посветуваме на младиот режисер и сценарист Леонид Велковски. Леонид Велковски, роден во 2003 во Скопје, е четврта година студент по филмска и телевизиска режија на Факултетот за филмски уметности при универзитетот „Еуропа Прима" во Скопје. Во рамки на програмата „Балкански млади таленти“ на Интернационалниот фестивал за документарен филм ,,Белдокс’’ во Белград и фестивалот за документарен филм „АЏБ ДOK“ во Сараево, го режира краткометражниот документарен филм „Под пештерната црква“ (2025), кој засега ќе биде дел од студентската селекција на „Бич филм фестивал“ во Охрид и официјалната селекција на филмскиот фестивал „Загори планет“ во Грција.
Режисер е на краткометражниот документарен филм за алтернативниот бенд „Занаду“ (2024), како дел од документарниот омнибус „Револуцијата нема да биде емитувана", кој што е во пост-продукција, во рамки на „Младински филмски фестивал“ во Скопје.
Сценарист е и режисер на студентскиот краткометажен игран филм „Три слонови“ (2024), студентскиот едноминутен игран филм „Крај“ (2024), како и на студентскиот краткометражен игран филм „Пад“ (2023), кој ќе биде дел од селекцијата на повеќе фестивали низ Македонија, како што се: „Младински филмски фестивал“, „Синестетика“, „Ѕирни филм и музика фестивал“ во Скопје, „Бич филм фестивал“ во Охрид и на проекција на краткометражни филмови во Битола, организирана од „Пондер“ и „Контра кадар“.
Има објавувано теориски текстови за филмската уметност и филмски рецензии во списанијата „Современост“, „Умник“ и „Спознавање“. Има соработувано со младинското здружение „Култура Бета“ како и објавувано филмски рецензии на порталот за култура „УМНО“.
Следете нè следуваат рецензии, интервју, како и осврт за најновиот филм на Леонид „Под пештерната црква“ (2025)
Comentários