„Безвидливо“ од Игор Раиден
- Култура β
- Oct 24, 2024
- 1 min read
Знам секој од нас која боја ја раѓа
и колку од нив ќе немаат глас
знам и колку ги има во постоењето
знам најголемата спирала
дека никаде ја нема
во сечие наоѓање
Кажи ми збор
чија фрекфенција не ја познавам
влези ми во перцепцијата
кајшто не очекувам
кажи ми нова тајна
одамна не заборавам
изненади ме, те предизвикувам
Јас го планирам светот
а тој мене
го обликувам секој концепт
формата моја
сечија може да биде
мислите мои
може секој да ги види
Песната „Безвидливо“ од Игор Раиден беше пристигната на акцијата #ДонирајПоезиј на фестивалот „Ре-култура“
Comments