top of page

Бисер: Ашчика

Writer's picture: Софија ТодороскаСофија Тодороска

Ашчика


Вид збор: именка, женски род


Значење: готвачка


Етимологија:


Називот ашчика се среќава во шест населени места на македонската дијалектна територија запишан во различни фоно-морфолошки варијанти (ашчија, ашчица).


Називот претставува адаптирана заемка на тур. Aşçi ‘готвач’ – форма којашто е позајмена и во турскиот јазик од перс. āš ‘јадење, подготвена храна’ (Škaljić 1966: 102).

На пошироката словенска јазична територија, според картата на ОЛА, називи од истото потекло се среќаваат во повеќе пунктови на бугарската и во еден пункт на српската дијалектна територија.


(од лингвистичкиот атлас на македонските дијалекти, според материјалите на општословеснкиот лингвистички атлас)


Comments


bottom of page