Благамедена
вид збор: именка, Женски род
значење: Ласица
Етимологија:
Овој назив се среќава единствено на македонската дијалектна територија и тоа во едно населено место.
Составен е од две придавски форми. Првата компонента, благ, потекнува од прасл. придавка *bȏlgъ чие примарно значење било „добар“, додека втората компонента претставува придавска изведенка од мед < прасл. *mȅdъ што покрај примарното значење ‘што се однесува на мед’, може да означува и нешто ‘мило, драго’. Мотивот за именувањето на ласицата со овој назив можеби е поврзан со народните верувања за ова животно, но не се исклучува и можноста дека бојата на крзното претставувала мотив за неговата појава.
(Од лингвистичкиот атлас на македонските дијалекти според материјалите на општословенскиот лингвистички атлас)
Comments