Езгија
Вид збор: именка, женски род, мн. езгии
Значење:
1. Импровизирана мелодија при свирење според моменталното расположение
2. Вид народна песна од Галичник со која се канат на свадба починатите родители и роднини
Пример текст:
„ По добро завршениот пазар Перо и Јусуф не можеле а да не засвират со своите инструменти зурлата и тапанот. Перо ја одбрал најубавата писка. Отсвириле една права свадбарска езгија. Можеби тогаш токму пред прочуениот ќаа со над 12 илјади овци и неколку стотини коњи, пред прочуениот селски коџобашија кој бил дури кај турскиот цар во Истанбул ја свиреле најубава песна за Бистра, за кроткото јагне што цицало од две мајки, за младоста која одминува и не се враќа, за убавите мијачки девојки и невести... И не заборавиле да побараат дозвола од коџобашијата одново да се населат како ковачи и зурлаџии во Лазорополе. Ѓурчин им го озоможил тоа. Им дал селска утрина за градба на куќа, градина и ваковски ливаѓе за користење.“
(Од книгата Тешкото од Лазорополе од Блаже Смилески, 2006 г.
„Особено арахичен обичај кој добро е сочуван кај Мијаците е “кањето на мртвите на свадба” кое се врши со зурли и тапани. Неделата наутро двајца свирачи (постарите) одат со свадбарите на гробишта за да ги “канат мртвите”. При овој архаичен обичај зурлаџијата свири жална мелодија специјална за оваа прилика, а тапанџијата го поставува тапанот на гробот и удира “езгија” само со две прачки. Музиката овде е таа врска која “космички ги поврзува овој и оној свет.”
(Од текстот: „ За настанувањето, богатата традиција од цел век, мелосот, препознатливоста, издигнувањето и успесите на „Мајовци“ од Д-р Рубин Земон. https://www.publicitet.mk/filmoljubie/item/4903-feljton-brendot-majovci-shest-dena-kovale-a-sedmiot-svirele-2 )
コメント