top of page
  • Writer's pictureСофија Тодороска

Бисер: Кондил

Кондил


Вид збор: именка, машки род


Значење: Молив


Етимологија:


Називот кондил се среќава во два македонски пункта на крајната југозападна дијалектна територија, преставена според поделбата на ОЛА. Овој назив потекнува од грчкото κονδύλι, кое покрај значењето ‘молив’, во анатомијата го содржел и значењето на ‘зглоб’, а исто така има и значење на ‘нешто испакнато/врвче’.


Во овие случаи, со називите од типот калем и кондил, се работи за друг тип на семантичка мотивација, односно мотивацијата е дека се работи за ‘зашилено/остро средство за пишување’. Такво средство се употребувало пред да се појават средствата за пишување, базирани на олово и/или графит.


(од Лингвистичкиот атлас на македонските дијалекти според материјалите на Општословенскиот лингвистички атлас)


68 views

Recent Posts

See All
bottom of page