top of page
Writer's pictureСофија Тодороска

Бисер: Папуџија

Папуџија


Вид збор: именка, машки род

мн. папуџии


Значење: чевлар


Етимологија:

Називот папучија е регистриран во 5 населени места, од кои 4 на југоисток од денешната македонска јазична територија и 1 на југозападната периферија. На таа територија записите се во различна фонолошка форма: папукч'ија, пǎпуч'иǎ, папуџија, папуч'ија, папуч'иа.


Овој назив претставува заемка од турското papuççu адаптирана со македонскиот суфикс -(и)ја. Оваа заемка претставува балкански турцизам од персиско потекло и се среќава и во други балкански несловенски јазици: грч. παπούτσι ‘обувки’, ром. Papuci ‘влечки’.Надвор од македонската територија, називот папучија во материјалот на ОЛА го среќаваме и на бугарската дијалектна територија.


(од лингвистичкиот атлас на макекдонските дијалетки според материјалите на општословенскиот лингвистички атлас)

Comments


bottom of page