Плачунка
Вид збор: именка, женски род, мн. плачунки
Значење: јаготка
Етимологија:
Овој назив е со далеку поограничена употреба – се јавува како одговор во 5 населени места, лоцирани исклучиво во јужниот дел од дијалектниот комплекс. Најверојатно се изведува од „пладне“, поради фактот дека тие плодови растат на јужната страна на дрвата. Од друга страна, овој назив се смета дека може да биде изведенка од изгубената прасловенска придавка *polnъ, запазена во дериватот „планина“ и сл.
Овој назив е со поограничена употреба и на поширокиот словенски ареал, според обработуваната карта на ОЛА, се среќава во бугарскиот и во украинскиот дијалектен комплекс, но со друг суфикс.
(Од Лингвистичкиот атлас на македонските дијалекти според материјалите на општословенскиот лингвистички атлас (ОЛА) )
Comments