top of page
  • Writer's pictureКултура β

Битисување - Дарија Јовановска

Битисување 


Качи се на таа планина,

фати го оној врв.

Биди врв! 

Биди земја! 

Биди сѐ!

Биди ништо! 

Биди и ветер и ништо!

Смеј се, погласно!

Ако боли,

па треба да боли.

Ај и малку плачи,

можеш?

Налути се!

Викни кога ќе немаш 

веќе сила.

Биди тишина,

премолчи.

Остави да ти удрат шлаканица,

прости!

Да не мислиш лесно е 

да го носиш својот крст?

Или оној на ближниот твој?

Остани кога врне

нека те накисне. 

Биди дожд! 

Слеј се со него, 

падни и ти ко него.

Кажи нешто,

разгневи се,

па засрами се

и одново стани.

Продолжи да газиш боса

и онака нема калап 

каде би била сета.

Чекори цврсто!

Сонувај малку!

Летај понекогаш!

Осами се некаде.

Роди се,

тркалај се,

извалкај се. 

Пробај одново да се родиш,

да поверуваш.

Имај љубов.

Љуби!

Губи! 

Биди страст!

Обестрасти се!

Почекај!

Каде брзаш?

Ајде сега оди,

трчај, побрзо!

Биди сѐ!

Биди врв!

Биди дно!

Биди ништо!

Фати го возот

ако не е доцна, 

ако е - стани воз 

или станица. 

Биди и роб,

ама живеј одвреме-навреме. 

Биди нешто!

Биди нешто!

Биди човек (ако можеш).

На крајот сите сме шшшт(о)?




17 views
bottom of page