ЗА БОЛКАТА
на Македонија
според „Стерна“ – Конески
Време е кога бараат од нас
да зборуваме за сечија друга болка
освен за својата.
И да ја сокриеме од светот
како Минотаур.
И да речеме – не бев, не знам, не се сеќавам
кога – бев, знам, се сеќавам.
И ја сокрива болката, ја затнавме Стерната,
со бубаќ, со партали, со песочиште, со чакалиште,
ја сокривме во јадрото
на Сонцето чиишто зрации сакаа да ги скратат.
Може ли да се скрати зракот,
на светлината да ѝ се одземе светлина?
Што е домот, што е домот
ги прашуваа поетите,
што е домот, што е домот
ги прашуваа раселените,
и в гради, по дамарите, гргнуваше Стерната,
болскотеа намножените сонца.
Comments