„Четири чекори до катарза“ од Дамјан Златановски
- Дамјан Златановски

- Oct 9
- 1 min read
ЧЕТИРИ ЧЕКОРИ ДО КАТАРЗА
Дамјан Златановски
Стојам на штици што даб еднаш беа,
ме посипува сонце зад левиот праг
и очи ми буди нерамнодушна смеа,
а од десниот тишина, студ и мрак.
В зенициве ме демнат едни врати вишни,
непохотни се тајни, за мене тие.
Мамат во тишина со тонови кришни,
што ли зад нив може, сега да се крие?
Првиот го, чекор, направив смасно.
Од вториот ногата на бунт се крена.
Да противречи третиот, стана веќе касно.
Четвртиот ме стрефи со благ поглед, свенат:
Гледам пред себе сѐ што мигов ќе ми срочи.
Гледам во себе - трепет душа ежи.
Дамки румени и снегови бели пред овие очи
- кој е зајакот што пред мене лежи?
Ми зјапаат црниците повторно в душа
дур насоки, со дланки, на толпи нудат.
В час се јурнав, крик в трепет, грло суша
- нема, нема тука, денес да ми судат!




Comments