Поезија од Исток улчар - бела
- Култура β

- 6 hours ago
- 1 min read
ТРЕТ РАСКРШЕН СОНЕТ
Тропа-ме т-рај-но тро памет-ни тро-мав(н)и глу-ви пос-ти.
Сѐ-тики се-т-не по(т/д-о)с(в)е(с)тивме ум-ен раат.
Не-к(р)а(ј) ти тек не си-гурно гор-е гор-иш!
За-пом(н)и-сла_ст_раст кон-(в)ечно болен
плод(т) г(-л)аден со ст(р)ав-а танка.
Ко в чекрек за-главен
грубо чек-аш
с(т)ега.
П-ега
ко_ја(з) чеш(м)а-ш:
со жив о(с)тров јавен
ко-жа(р)та ти_скри(ј) га-танка.
Со ние-т да те_пам(тиме) в долен
кат_ник ти(л) скрш(на)и про-должи(ш) да дробиш
твор-би(сери) смрд(т)ли-в_исти_надежи (са)чма-ат.
Не заб-орав-ај да изг[и]н[и]еш1, а за_буната – прости!
7-8. ИСШИРЕН СОНЕТ
Номенклатура на имињата во терминолошките лексикони
за називи-калки-изрази од доменот на лексикографијата
во делата на признаените великоценети академици
како пример за целна група при подготовката на експерименти
во процесот за теренско истражување на научните сегменти
од подрачјата за полињата на дисциплините од областите
на значењата, на знаците, на дијалектите и на гласовите:
- Зошто парламентарно и демократски да се искажат ставовите?
- Што откога точно ќе се утврдат позициите на властите?
- Како до континуирано мапирање на опасни седименти?
- Дали може да се мерат тежините на хемиските елементи?
- Најверојатната вистина за верските великомаченици;
- Портретирани популарни фигури од историографијата;
- Кој би се нафаќал денес да претставува икони со силикони?
АЈКУЛАТА И КИТОТ
Нечија крв мирисна ајкула,
ама без да ѝ дојде наслада,
само доплива до извор црвен –
што од грижа, што од љубопитност,
оти таква крв ретко среќава.
Што да види! Кит голем ко кула,
кому харпун тело му нападна!
Па, грабна бодеж со загриз врвен,
му отстрани оружје со итност.
На неа и сега се сеќава.
Вечен е споменот за живодарител спасоносен.
Радосен е оној кому крајот му е оддалечен.




Comments