Нема да земам маж
оти тогаш сите ќе мислат дека е мртов.
Не поради солзите што ги влечам в душа,
туку поради црнилата што ги носам на кожа.
Сама ќе везам црни кошули.
Самата в тело ќе си ги скројам.
Нема со сила вдовица да се сторам.
Нема да можам,
зашто никогаш нема нечија жена да станам.
Ќе ме довикувате можеби со имиња чудни.
„Немажена вдовица"-рече некој,
а јас тие буки нема да ги слушнам
од мелодијата тивка на мојот крој,
од бојата среќна, а црна
изрезбана мека, невина душа.
Драгана Стојадиновска е ученик во гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово и на уметничкиот смер. Родена е на 26.1.2004 во Куманово и живее во Куманово. Таа активно пишува поезија, проза и кратки драмски текстови.
Инспирацијата за творење на поезија вели дека ја пронаоѓа во секојдневните очигледни ситуации кои во себе чуваат збунувачки и многу мистериозни прашања, па наместо да се труди да ги одговори, ги претвара во уметност.
Таа е авторка на стихозбирката „Со затворени очи, гледајќи ја зората“.
Comments