top of page
  • Writer's pictureКалина Качоровска

Декември со Леон Шумански - најава

Можеби декември е последен месец во годината и поради тоа со себе си носи одредена тежина, но за нас, декември е радосен зашто имаме нов лик на месецот, а тоа е Леон Шумански, за блиските познат и како Роуз.


На Леон можат да му се дадат многу определби: фотограф, монтажер, видеограф, менаџер, студент по медиуми и комуникации на Мариборскиот универзитет, но во свои лични зборови, тој е „обичен човек што сака нешта“. Покрај сите професионални описи, неговиот сопствен звучи некако најсоодветно.


Ако не сте налетале на некоја аналогна фотографија од симпатичен старец низ мариборските улици, тогаш можеби го знаете како менаџер на новоформираниот „Гола Планина Колектив“. Доколку ни тоа не ви звучи познато, тогаш сигурно го познавате затоа што сте пиеле пиво или сте се журкале на некој скопски настан. Леон е, пред сѐ, дете на градот.


Во текот на овој месец, на Роуз ќе му дадеме уште многу определби и уште многу имиња. Ќе започнеме со времеплов низ неговото творење и оформување како уметник, ќе продолжиме со избор на фотографии, а ќе завршиме со аудио интервју. Се читаме и/или слушаме со Леон Шумански секој декемвриски понеделник!



169 views
bottom of page